Насмевката ги открива пријателите
Благодетите на смеењето за психофизичкото здравје се потврдени многу пати, но помалку е познато дека не се смееме исто во секое друштво.
Дека нашето смеење звучи поинаку кога сме со пријателите наместо со непознати луѓе, го утврдиле научници од Универзитетот во Калифорнија. Речиси илјада испитаници од 24 земји слушале снимки на смеење на двајца луѓе за кои не им било кажано во каков однос се.
Во половина снимки јунаците биле долгогодишни пријатели, додека во втората половина тие биле лица кои се запознале неодамна. Во дури 61 отсто случаи, испитаниците точно ги идентификувале тие што биле пријатели. Утврдено е и дека испитаниците полесно препознаваат смеење меѓу пријатели кога во прашање биле жени. Сигналите кои укажуваат на поблизок однос се повисок интензитет и подолго траење на смеењето.
Водачот на студијата Грег Брајант вели дека ова е најголема интеркултурална студија за смеењето во историјата.
Според неговите зборови, резултатите на студијата укажуваат на тоа дека луѓето во светот го перципираат смеењето на сличен начин и дека конечно сме еволуирале до точка кога можеме да разликуваме искрено од вештачко смеење.
Ново на Сител
-
Јапонец украл амбулантно возило зашто не сакале да го одведат во болница
-
Ракопис на Боб Дилан продаден на наддавање за 508.000 долари
-
Номинираните за овогодишните „Оскари“ ќе бидат објавени денеска
-
Трипуновски: Охридското Езеро ќе биде порибено со милион единки подмладок на ендемичниот вид пастрмка
-
Обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“ добија амнестија
-
Во Украина рации против шверцерите со оружје и муниција
-
Приведен крадец во Гостивар, одземеното вратено на сопственикот
-
Продолжува растот на заболени од грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Кратово