Наследниците на Тито добиваат…ништо!
Наследниците на некогашниот југословенски претседател Јосип Броз Тито нема да добијат ништо од имотот кој го побаруваа, одлучил Првиот основен суд во Белград.
„Вечерње новости“ пишуваат дека во дополнителното оставинско решение судот како неосновани ги одбил сите барања на наследниците, а одбиени се и барањата на застапниците на династијата Караѓорѓевиќ и државата да се вклучат во постапката.
Оставинската поделба на имотот на Тито правосилно е завршена уште во 1991 година. Во неа биле поделени 800 парчиња облека, обувки и личните ствари на Тито.
Неговата сопруга Јованка во март 2002 година поднела барања за донесување на дополнително оставинско решение, по што во јануари Сојузниот уставен суд го прогласи за неуставен Законот за управување со предмети во општествена сопственост кои се врзани за животот и делото на Тито.
Ново на Сител
-
52-годишна кавадарчанка пронајдена почината со повреди на телото
-
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време
-
МВР со детали за верижната сообраќајка на Скопска обиколница
-
Спасени три питбули и дорбеман користени за борби на кучиња во Врапчиште
-
Во Словенија утре Ден на жалост поради загинувањето на тројцата рудари
-
Магла во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица
-
Слоновите во САД не се луѓе, пресуди највисокиот суд во Колорадо
-
Јапонец украл амбулантно возило зашто не сакале да го одведат во болница