Живот
5. јуни 2017 - 16:40

Наследил стара куќа - занемел од шок кога видел што има внатре

Французин наследил стара куќа од своите баба и дедо, но не ни насетувал каква пресвртница со тоа ќе му се случи во животот. Верувале или не, тој внатре нашол добро закопано злато.

- Имаше 100 килограми злато, околу 5.000 златни парчиња, ба сокриени секаде низ куќата. Едвај видов дека се сокриени, вели Французинот Николас Филфорт.

Богатството го пронашол сосема случајно кога се обидел да го премести мебелот во куќата, за да ја уреди по своја мерка. Откако го нашол останал во шок.