Наскоро ќе се знае како ќе се финансира изградбата на новиот Клинички центар
Во тек се преговори со кредитори и за кратко време ќе се знае како ќе се финансира изградбата на Клиничкиот центар-Скопје на новата локација во близина на болницата Бардовци. Министерот за здравство Венко Филипче е дециден дека според сите испитувања, модерен Клинички центар не може да се изгради на постојната локација.
- Тоа што требаше да се добие е еден нов блок на зграда, кој требаше да биде споен со две згради, кои веќе сега се спремни за реновирање, вклучително и новата зграда на Гинекологија, на која по само толку години функционирање треба да и се реновира покривот поради тоа што прокиснува. Освен тоа, во рамките на тој кампус остануваат уште седум стари згради, кои никако не се влезени во проектот. Во овој момент тие се во таква лоша состојба што веќе сега бараат некаква форма на реконструкција. Ако навлезме во овој проект, без разлика на сумата за која станува збор како инвестиција, ќе влезевме во еден циклус од којшто не ќе можевме да излеземе, рече Филипче кој денеска просиствуваше на комеморација по повод депортацијата на Евреите од Штип.
Нагласи дека со изградба на нов Клинички центар на постојната локација нема да се добие современ центар и пациентите, рече, и натаму ќе треба да се пренесуваат по улиците. Изградбата на новата локација ќе овозможи нов концепт на модерна болничка зграда во која пациентите ќе имаат интегрирани медицински услуги, како и во останатите европски држави.
За изградбата на Клиничка болница-Штип, пак, Филипче рече дека е со задоцнета динамика поради временските услови.
- Очекуваме изградбата да продолжи, како што ни ветија изведувачите со забрзана динамика. Очекуваме дека до крајот на годината веќе да биде во значајно напредната фаза, рече Филипче.
Во врска со барањето на штипските лекари за исплата на разликата на дежурствата во изминатите три години, со што од Клиничка болница –Штип побаруваат околу 200.000 евра, министерот одговори дека вакви примери има и во другите болници во земјава.
- Тоа што сега го правиме е унифицирање на начинот на исплаќање, кој ќе се имплементира во сите јавни здарвствени установи, и врз основа на тој унифициран начин нќе се направи и покачувањето на сумата за дежурства, кое ќе почне од април за мартовската плата, додаде Филипче.
Министерот за здравство акцентираше дека средствата за зголемување на дежуствата за лекарите и медицинскиот персонал веќе се обезбедени од буџетот на Владата, а исто така се обезбедени и средства за исплата на надоместокот за приватните специјализанти, кои специјализираат во клиниките во Скопје.
Ново на Сител
-
Надал пред Дејвис купот: Не сум тука за да се пензионирам, туку да му помогнам на тимот
-
АХВ: На влезот на Дебар спречен обид за пренос на 17 телиња
-
Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи
-
Предлог притвор за малолетник кој со нож во глава убодел 15-годишник
-
Тридневна жалост во Параќин поради смртта на петнаесеттата жртва
-
Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
-
Стабилно време со утриснка магла до среда, а потоа дожд и ветер
-
СДСМ: Власта ги запостави домашните компaнии