-->
-->
Насилни првомајски протести во Париз, приведени 109 лица
-->
Вкупно 109 лица се приведени во синоќешната акција на полицијата против анархисти, кои кршеа излози, палеа возила и фрлаа со камења врз специјалните сили на полицијата во Париз, соопшти Министерството за внатрешни работи на Франција.
Четири лица се полесно повредени во протестите. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.
Околу 1200 демонстранти од кои многумина облечени во црно се појавиле на маргините на демонстрациите што беа организирани по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 мај.
Полицијата соопшти дека демонстрантите се членови на екстремно левичарката група позната како Црни блокови. Меѓу повредените е и еден полицаец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија