Нашите ракометари од грандиозната „Арена“ во Загреб, во селско училиште
Ракометарите на Македонија продолжија во втора фаза во Вараждин, но многу работи не се исти како во Загреб. Од натпреварот со Германија во грандиозната „Арена“, сега се префрлија во училишна сала веднаш до словенечката граница, објави порталот sport1.
Станува збор за една од официјалните сали на ЕХФ кои се користат за тренинг на репрезентациите учеснички. Се наоѓа во Мурско Средишче, на 16 километри северозападно од Вараждин, а училиштето во чиј комплекс се наоѓа е еден од последните објекти на територијата на Хрватска, пред да преминете во Словенија.
Гратчето има околу 6.000 жители, салата делува сиромашно однадвор особено кога ќе се спореди со величествената загрепска „Арена“, меѓутоа Хрватите не импровизираат. Паркетот беспрекорен, димензиите на теренот нормални, условите во салата подобри од многу македонски суперлигашки сали.
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари