-->
-->
Наши иселеници од Лондон: Очекуваме најдобро, се подготвуваме за најлошото!
-->

Откако жариштето на коронавирусот по Италија се префрла и ширум европскиот континент, наши иселеници во Англија, кои сакаат да останат анонимни, велат дека се надеваат на најдоброто, но се подготвуваат за најлошото. Според нив, многу скоро поради коронавурусот во земјата ќе дојде самоизолацијата на месец или два.
-Се влошува состојбата, иако што би рекле тивко на прсти, но стравот од најлошото е присутен. Се купува се што може да се купи по маркетите, да бидеме искрени лично се спремаме за самоизолација на месец или два. Не мора да чекаме да се воведат мерки, па тогаш да постапиме. Ова нека биде апел до сите наши во Лондон, да не биде заплашување, но почнува, бидете подготвени, велат нашите иселеници.
Скриената паника е присутна, но како што додаваат, со право.
-Зголемен е бројот на новозаразени и самотестирања, мерките на самопретпазливост ќе одат на уште повисоко ниво, додаваат тие.
Меѓу најпогодените подрачја од коронавирусот, како што додаваат според тамошните прогнози се очекува да биде Лондон, најмногу поради 11 милиони жители кои што живеат во главниот град на Англија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Договорот со Украина за ретки минерали ќе биде потпишан наскоро
-
Експлозија во складиште за нафта во Русија по напад на украински дрон
-
Лишен од слобода 44-годишен маж, пренесувал мигранти од Египет
-
МАТТО донира 3,3 милиони денари за семејствата на настраданите во Кочани
-
Најстудено утрово во Берово со минус осум степени
-
ВМА-Белград: Ако има потреба, стоиме на располагање за дополнително сместување повредени од Кочани
-
Комеморативно-културна манифестација во Шибеник во чест на жртвите од пожарот во Кочани
-
Едно лице почина во експлозија на плинска боца во Куманово