Нашата Благица кралица на скандалите: По овој легендарен изглед, приреди нов моден мега шок!
За фустанот кој нашата позната фолк кралица Благица Павловска пред неколку години го облече од погрешната страна, се зборуваше и пишуваше многу, а ретко кој не се сеќава на овој нејзин легендарен изглед.
Имено, Благица неодамна сними дует со пејачот Влатко Алексовски за „Дома ми е најубаво“, а по повод промоцијата се појави пред камери во едно неочекувано издание од кое покажа премногу од сè. Очигледно е дека Благица сака да биде во чекор со трендовите и помладите колешки, па одлучила на косата да стави надградба која е впечатлива, а не незабележителна, а згора на тоа се одлучи и за проѕирна блуза под која има црвен градник, а „боди во очи“ и вишокот околу стомакот.
Модни грешки правиме сите, а секако непогрешлива не е ниту нашата фолк кралица.
Извор: Вистина.мк
Ново на Сител
-
Таравари: Наскоро еден директор на цел Клинички центар и спојување на неколку болници со здравствени домови
-
Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници
-
Мицкоски: Акцијата за даночно затајување е една од низата што ќе следуваат
-
Нова промена на цените на горивата од полноќ
-
Радев се правда: Сиљановска не беше ниту во државна ниту во работна посета
-
Муцунски нема да го прими Радуков на разговор во МНР
-
Од среда побилни врнежи, со можност наместа да бидат поројни
-
Штип: Излетаа два автомобили - Повредени четири лица