Македонија
27. јуни 2022 - 16:29

Народниот правобранител бара државата да ги плаќа адвокатите за приведени кои немаат пари

Лицата кои се лишани од слобода, а немаат средства да си платат адвокатм - ретко и го добиваат.

Главна причина е тоа што државата не ги плаќа бранителите, иако според Кривичниот законик ја има таа обврска. 

Адвокатите се подготвени да дадат придонес, но ретко кој се нафаќа да работи бесплатно. Во моментов тие не се платени, односно работат пробоно, па затоа и само 5% од лицата лишани од слобода добиваат адвокат. 

Според народниот правобранител, државата треба да ги плаќа адвокатите за нивните услуги, за лишаните од слобода да ги имаат основните права.

Голема улога во проблемот, според народниот правобранител има и непознавањето на законските права, не само на приведените кои ќе се најдат во полцииска станица туку и на полициските службеници кои не ги информираат за можностите. 

Народниот правобранител и адвокатската комора денеска потпишаа меморандум чија цел е да се заштитат жртвите од тортура и да се подигне свеста на граѓаните за нивните права.