Свет
2. September 2019 - 14:03

Наркоклан испрати 16-годишен платен убиец во престрелка со полицијата: На Хуанито му ја разнесоа главата за да го запрат

На 16-годишен платен убиец на мексиканските нарко кланови му е разнесена главата во страотна престрелка кога гангстерите решиле да ја нападнат полицијата.

Хуанито Писола, познат како командант Литл, во вторникот бил во комбе со членови на мафијата, кога им е наредено да направат заседа за полицијата во гратчето Нуево Ларедо во Мексико.

Околу пладне, Пистола и шест лица, вооружени со пушки и облечени во воени униформи, патувале со комбе со тексашки регистарски таблички и ја нападнале полицијата во близина на аеродромот.

Изрешетани се со куршуми од голем калибар, а сликите покажуваат дека на Пистола му е разнесена главата..

Уште четворица членови на Пеколните трупи, крило на озлогласениот картел на североистокот, се убиени во судар со полицијата во градот, јавува Вангвардиа.

Локалните медиуми наведоа дека возилото во кое Пистола загина е користено во напад врз полиција неколку дена претходно во друг дел од градот.

Видеозаписите на социјалните медиуми и песните на нарко-рапот го фалат Пистола како платен убиец во редовите на ЦДН уште од негови 13 години.

Според мексиканската новинска агенција Нотимек, Пистола е уапсен од полицијата во 2015 година.

Хуанито, кој наводно му се приклучил на картелот кога имал 13 години, се пробивал низ хиерархијата за да стане платен убиец, пренесоа медиумите.

На видео снимката од минатата недела прикажани се камиони со одбележја ЦДН како забрзуваат на автопатот додека се случаат истрели.

ЦДН, претходно Лос Зетас, го контролира градот од 2004 година, кога го презедоа од картелот Синaлoа во крвавата војна која однесе најмалку 2000 животи, известува Телемундо.