Наредена евакуција на над 82.000 лица поради шумски пожар во Калифорнија
Американските власти денеска издадоа наредба за евакуација на над 82.000 лица во југозападниот дел на сојузната држава Калифорнија, поради забрзаното ширење на голем шумски пожар.
Како што јави ДПА, пожарот избувнал вчера близу планинскиот премин Кахно во округот на Сан Бернардино, на околу сто километри источно од Лос Анџелес, и до денеска се проширил на површина од над 120 километри квадратни.
Националната координативна група за шумски пожари соопшти дека наредбата за евакуација е издадена поради „непосредна закана за јавната безбедност, патниот сообраќај и изградените објекти“.
Поради огнената стихија, затвореи за сообраќај се повеќе патни правци во областа, меѓу кои и автопатот од Лос Андечес до Лас Вегас.
Во гаснењето на огнот се вклучени над 1.300 пожарникари, потпомогнати од авиони и хеликоптери, но справувањето со пожарот е отежнато поради сушата, ветрот и високите температури од над 35 степени Целзиусови.
Поради пожарот гувернерот на Калифорнија, Џери Браун прогласи вонредна состојба во округот Сан Бернардино.
Ново на Сител
-
Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“