Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека не е задоволен од состојбата во која се наоѓа образованието, особено високото образование и дека се преземаат чекори во насока на стабилизирање на состојбите. Најави зголемување на буџетот за образование на 40 милијарди денари и екипирање на одборите за акредитација и евалуација.
Одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на Аеродром, премиерот рече дека се извршени вонредни инспекциски наоди на неколку универзитети и дека веќе има наоди и јасна слика што се случува.
-На почетокот на мандатот веднаш беше поништена една сомнителна одлука за формирање на еден отсек на еден универзитет, кој е поврзан со многу сомнежи во минатото. Како Влада тоа го пресековме и ги поништивме акредитациите за два приватни института. Направени се вонредни инспекциски надзори од страна на Државниот просветен инспекторат на неколку универзитети, Климент Охридски, Апостол Павле, Државниот универзитет во Тетово, Меѓународниот универзитет во Струга. Веќе имаме наоди и јасна слика што се случува. Исто така морам да потенцирам дека буџетот во образованието ќе биде зголемен од 30 на 40 милијарди денари. Постигнат е историски договор со Синдикатот за зголемување на платите во периодот од четири години, нешто што досега беше фантазија. Исто така полека, но сигурно, ќе почнеме да ги екипираме одборите за акредитација и еваулација да бидат она што навистина треба да бидат, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер