Loading Video...
Фудбал
13. July 2020 - 10:30

Наполи и Милан во „мртва трка“ за излез на европската сцена

 
Екипите на Наполи и Милан, заедно со Рома ќе водат жестока битка за позоциите кои носат пласман на европската фудбалска сцена.
 
Со нерешениот резултат 2-2 на меѓусебниот дуел одигарн во Неапол, екипите на Наполи и Милан остануваат на позициите 5 и 6 на тебалета во италијанската Серија А.
 
Конечниот епилог се чини е најправеден имајќи го во предвид текот на натпреварот во кој гостите поведоа први со голот на Хернандез (20-минута), а во продолжението Наполи направи пресврт, откако Ди Лиренцо во 34-тата го израмни резултатот, а Мертен во 60.минута го постигна вториот гол. 
 
Сепак во 73-минута Кеси од пенал ги постави конечните 2-2. 
 
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 65 минута од средбата.
 
Така на шест кола до крајот, Наполи има 52 бодови и не на 6.место на табелата, а Милан е седми со еден помалку, додека Рома која е на петото место има 54 бодови, па овие три тима ќе водат жестока битка за двете позиции кои водат во Лигата на Европа. 
 
Што се однесува до Лигата на шампионите. Лиредрот Јувентус веќе се сигурен учесник во елитното натпреварување. 
 
Затоа пак, доколку Интер кој во вечерашниот дуел против Торино е фаворит оствари победа, тогаш „неро-азурите“ ќе се израмнат со второ пласираниот Лацио, а ќе имаат бод повеќе до Аталанда, односно дури 14 повеќе од Рома.