Loading Video...
Фудбал
4. October 2022 - 23:59

Наполи, Бриж и Баерн со максимални 9 бодови по три одиграни средби

Наполи, Бриж и Баерн се екипите кои имаат максимални 9 бодови, по три одиграни кола во сегментот од А до Д групите во фудбалската Лига на шампиони.
 
Иако на гостувањето во Амстердам кај Ајакс, тимот на Наполи по само девет минути игра имаше негатива од еден гол, сепак италијанскиот тим во продолжението забележа убедлива победа со 6-1. Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас ги одигра завршните 26-минути за Наполитанците кои се единствени со 9 бодови во А групата во која Ливерпул има 6 бодови откако на „Енфилд“ со 2-0 го победи Глазгов Ренџерс.
 
Најпријатното изненадување досега е тимот Бриж кој до третата своја победа стигна пред своите симпатизери совладувајќи го Атлетико Мадрид со 2-0, а со победата на Порто над Баер Леверкузен со ист резултат (2-0) сега белгиската екипа има шест бодови повеќе во однос на останатите три тима. 
 
Минхенски Баерн ја потврди својата доминација во Ц конкуренцијата совладувајќи ја Викторија Плзен со 5-0, па Баварците со 9 бодови се на  првата позиција на табелата, на која сега второ пласиран е Интер кој во големото дерби во Милано ја победи Барселона со 1-0, па италијанскиот тим сега има 6, а Барселона остана на 3 бодови. 
 
Олимпик Марсеј со триумфот над направи дополните Спортинг Лисабон со 4-1 стигна до првите бодови во Д групата, во која португалската екипа останува прва со 6 бода, два повеќе од Тотенхем и Ајнтрахт кои го одиграа единствениот меч синоќа без постигнат гол.