Македонија
8. March 2024 - 11:56

Напасувал добиток, МВР со детали за малолетникот кој загина од гром

Момче загина по удар од гром во село Негорци. 

- На 08.03.2024 во 15.30 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во атар на с.Негорци, гевгелиско, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со изгореници по телото, најверојатно од удар од гром, кај малолетник од с.Негорци, кој напасувал добиток, соопшти МВР.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.