Напаѓачот во Орландо работел во фирма за обезбедување
Мажот кој застрела 50 луѓе во ноќен клуб во американскиот град Орландо работел од 2007 година како обезбедување во најголемата во светот фирма за услуги во областа на безбедноста Г4С, и носел оружје за извршување службени задачи.
Омар Матин (29) жител на Флорида американски граѓанин, син на имигранти од Авганистан, беше убиен од полицијата.
Компанијата соопшти дека го проверувала неколкупати и не открила ништо несоодветно.
Властите соопштија дека тој купил законски најмалку две огнени оружја во изминатата недела.
Според неговата поранешна сопруга, тој сакал да стане полицаец. Го опишува како „избувлив, емоционално нестабилен и психички болен“.
Претставник на ФБИ изјави дека за време на нападот Омар се јавил на 911 и зборувал за терористичката група Исламска држава. Во 2013 и 2014 година ФБИ имало информативен разговор со него, но не нашле докази за криминална дејност.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис