Напаѓачот од „Тајмс сквер“ боледува од психичко растројство
Њујоршката полиција го уапси лицето кое синоќа влета со неговиот автомобил во група пешаци на плоштадот „Тајмс Сквер“ во центарот на Њујорк и при тоа загина еден тинејџер, а уште 23 лица се повредени.
Напаѓачот е 26-годишниот Ричард Рохас од Бронкс, кој за време на сослушувањето изнел бројни вознемирувачки факти.
Рохас првично навел дека слуша гласови и оти очекува дека ќе умре.
По апсењето тој е однесен во њујоршката полициска станица каде е тестиран за алкохол и дрога. Се утврдило дека тој нема алкохол во неговата крв, додека резултатите од тестот за дрога се уште се чекаат.
Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио истакна дека уапсеното лице е американски државјанин, кој е поранешен припадник на морнарицата на САД.
Американските власти соопштија дека Рохас минатата година е уапсен поради тоа што му се заканувал на нотар со нож, тврдејќи дека тој го украл неговиот идентитет.
Во таа прилика, тој пред американската полиција кажал оти верува дека го следат.
Њујоршката полиција го исклучи тероризмот како причина за нападот.
Ново на Сител
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри