Напаѓачот од Ница е 21-годишен Тунижанец
Напаѓачот со нож, кој уби тројца луѓе во базиликата Нотр Дам во Ница е 21-годишен Тунижанец по име Брахим Ауисауи, јавуваат француските медиуми.
Тој не е барател на азил во Франција, но пристигнал во Европа преку Лампедуза на крајот на септември, каде што бил ставен во карантин од италијанските власти, а потоа морал да ја напушти италијанската територија. Напаѓачот влегол на Франција од почетокот на месецов.
Според судски извори, неговиот идентитет сè уште не е официјално потврден. Истражителите во моментот имале само документ на италијанскиот Црвен крст што одговара на идентитетот на Брахим Ауисауи.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан испрати „порака за мир кон муслиманскиот свет“, нагласувајќи дека Франција е „земја на толеранција“, а не на „презир или одбивање“.
„ Не ги слушајте гласовите на оние што сакаат да предизвикаат недоверба. Да не бидеме заробени во ексцесите на малцинството на манипулатори“, изјави тој за време на разгледувањето на буџетот на неговото министерство во Националното собрание.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност