Напаѓачот на џамиите на Нов Зеланд го призна своето злосторство
Брентон Тарант, кој изврши напад во две џамии во Крајстчрч на Нов Зеланд, за време на сослушувањето во Врховен суд, преку видео-врска ја призна вината по 51 обвинение за убиство, 40 обиди за убиство, и едно обвинение за тероризам.
– Тој ќе биде осуден за секое кривично дело што го сторил. Признанието на вината е значаен чекор во изрекувањето на казната, рече судијата Камерон Мандер, претседател на судскиот совет.
Тарант е во притвор од 15 март 2019 година, кога беше уапсен и обвинет за пукање од полуавтоматско оружје кон муслимани, кои се собраа за молитва во две џамии во Крајстчрч, а злосторството го пренесуваше во живо преку Фејсбук.
Признанието на Тарант ја прави непотребна понатамошната судската постапка, која требаше да започне во јуни, а Судскиот совет ќе продолжи да носи пресуди за вкупно 92 точки од обвинението.
Судот не соопшти кога ќе биде донесена пресудата, но притворот на Тарент е продолжен до 1 мај.
Ново на Сител
-
Сончево со јужен ветер
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат