Свет
30. May 2016 - 8:30

Напаѓачи во Венецуела ликвидираа 11 луѓе меѓу кои тројца тинејџери

Неидентификувани напаѓачи во Венецуела убија 11 луѓе меѓу кои тројца се тинејџери како и еден Колумбиец, јави Би-Би-Си.

Напаѓачите им наредиле на жртвите да излезат од своите домови и веднаш ги ликвидирале. Побегнале од местото на злосторството со автомобили и моторцикли.

Невладини организации наведуваат дека степенот на криминал во Венецуела расте бидејќи економијата во државата е во рецесија поради цената на нафтата. Се истакнува дека бројот на убиства во Венецуела е како во држава во војна. Владата негира и наведува дека тие цифри се многу помали отколку што тврдат од НВО.