Напаѓач во Калифорнија уби четири и рани две лица
Четири лица се убиени, а две ранети во нападот кој во Санта Анa во Калифорнија го изведе маж, вооружен со нож и пиштол, по што се предал на полицијата. Осомничениот, но и сите жртви се Латиноамериканци.
Шефот на локалната полиција соопшти дека 33-годишниот маж од Гарден Гроув, вооружен со нож и пиштол, прво грабил еден стан, пекарница, филијала за осигурување, бензинска станица и продавница. Првите две лица ги убил во зградата каде живеел, на бензиската станица нападнал маж и на крајот го избодел со нож чуварот во продавницата, по што се предал на полицијата. Полицијата подоцна дозна дека напаѓачот убил уште една жена во меѓувреме. Повредените се во стабилна здравствена состојба.
– Насилството било неплански, а единствен познат мотив досега се грабеж, омраза и убиство, рече претставник на локалната полиција.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник