Нападнат полициски службеник, напаѓачите приведени па ослободени
Пред Клинички центар - Тетово вчера околу 12.30 часот две непознати лица со патничко моторно возило „Опел Корса“ со тетовски регистарски ознаки го попречиле патот на полициски службеници кои се движеле со службено патничко моторно возило „Линеа“. Еден од полициските службеници му укажал на прекршокот. Во тоа време излегол совозачот и вербално го нападнал полицискиот службеник, а еднаш го удрил и по главата. Истото лице не му дозволувало на полицискиот службеник да излезе надвор од возилото и со нозе удирало по истото. Потоа излегол и возачот и тој веднаш се упатил кон полицискиот службеник, но бил спречен во намерата од друг полициски службеник и бил тргнат настрана. Лицата се лишени од слобода и приведени во ПС Тетово, утврден е нивниот идентитет и се работи за лицата Н.Ш. (31) и М.Т. (31), двајцата од Тетово. Со истите бил извршен разговор и по консултација со Јавен обвинител во 16.40 се пуштени од ПС Тетово.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење