Македонија
21. September 2021 - 14:48

Нападнат и ограбен кумановец

Кумановец бил нападнат и ограбен од две лица, соопшти денеска СВР Куманово. Утрово, во 05:12 часот во СВР Куманово, вработена на бензинска пумпа на улица „Индустриска“ пријавила дека кај нив има повредено лице.

– Според пријавеното, во близина на бензинската пумпа С.П. бил физички нападнат од две лица, при што му одзеле пари и мобилен телефон-соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.