Македонија
22. јуни 2021 - 12:06

Нападнат царински службеник на Граничниот премин „Блаце“

На 21.06.2021 во 22.15 часот на Граничниот премин „Блаце“, при влез во државата,  бил приведен Ј.А.(35), поради тоа што физички нападнал царински службеник, кој извршувал службени дејства. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.