Балкан
28. January 2024 - 13:14

Напад во црква во Истанбул: Двајца мажи отвориле оган врз верниците, едно лице е убиено

Во католичката црквата Света Марија во Истанбул двајца напаѓачи отвориле оган кон верниците, а според првите информации на турските медиуми едно лице е убиено.

Според добиените информации, пукањето се случи за време на неделната богослужба кога две маскирани лица отвориле оган во дворот на црквата.

„За време на пукањето, во црквата владееше голема паника. Во областа се испратени многу полициски и медицински тимови. Напаѓачите побегнаа од местото на злосторството пеш“, пишува „Џумхуриет“.

За нападот зборуваше и турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

„Околу 11:40 часот во кругот на црквата Санта Марија, две лица ги нападнаа верниците во црквата. Тие носеа фантомки. Едно лице за жал почина. Започна енергична истрага за ова прашање. Најостро го осудуваме овој подол напад. Потрагата по напаѓачите е во тек“, потенцираше министерот.

Нападот е осуден и од градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

„Го осудувам вооружениот напад за време на неделната богослужба во црквата Света Марија. Посакувам Божја милост за човекот кој го загуби животот и брзо закрепнување на повредените. Никогаш нема да дозволиме да го уништат нашето единство и мир“, потенцираше градоначалникот на Истанбул.