Свет
23. August 2018 - 11:54

Напад со нож во Париз, едно лице убиено

Вооружен маж со нож усмрти еден човек и рани две други лица денеска во предградие на Париз.

Полициски извори наведуваат дека „напаѓачот е неутрализиран“.

Двете повреени лица се хоспитализирани. 

Детали за нападот засега нема, а според написите на локални медиуми, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“.