Џет-Сет
19. February 2016 - 13:26

Наместо со Златната Бубамара, Марјана се пофали со нејзиниот задник

Марјана Станојковска е една од најубавите македонки и со сигурност најатрактивната водителка во ТВ етерот.
 
Згодната Марјана секогаш знае ја запали атмосферата каде и да се појави, посебно доколку тоа го прави во провокативни парчиња облека.
 
Елегантните тоалети се нејзин заштитен знак, па на „Златна Бубамара“ се реши за транспарентен фустан со кој го покажа задникот.
 
Марјана носеше црна долга светкава тоалета, која и прилегаше одлично.
 
Инаку водителката заедно со Ненад Ѓоргиевски и Златко Андоновски добија бубамара за најуспешна ТВ емисија, „Во недела попладне“.