Наместо да им помогне, МКФ сака да ги „ограби“ клубовите!?
Драстично, на досега невидени размери, зголемување на таксите за регистрација на кошаркарите, како на тие што спаѓаат во делот домашни од 14 годишна возраст така и на тие во категоријата странци, предвидува новата предлог-верзија на Регистрацискиот правилник (РП) на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), за кој клубовите треба да се изјаснат најдоцна до 17 август.
Предводниците на макбаскетот веќе „распишаа“ дописно Собрание за (не)прифаќање на промените предложени во овој документ, а кои најмногу се во делот на финансиите и тоа на големо разочарување и негодување на тие што всушност ја прават кошарката – екипите во сите возрасни категории и степени на натпреварување. Според предложената верзија на РП, во иднина за регистрација на секој играч до 14 години ќе треба да се плаќа такса во износ од 10 евра, за тие помеѓу 14 и 18 години по 20 евра, а за кошаркар(к)ите до 20 години по 25 евра. За сениорите, односно за играчите над границата од 20 години, клубовите ќе треба да платат такса од 30 евра за Третата лига, 50 евра за Втора лига во машка и Прва лига во женска конкуренција како и од 120 евра за тие што ќе играат во тимовите од елитната конкуренција за мажи.
Ваквите драстични такси најмногу ќе ги погодат клубовите кои вложуваат во младинскиот погон и кои прават напор да пријават екипа за учество во сите возрасни категории со цел да произведат што е можно повеќе квалитетни кошаркари кои потоа би играле за националните селекции. Под претпоставка да се пријават состави во М14, М16, М18 и во М20 и секој од тимовите да брои по 18 играчи, тоа значи дека екипите односно младинските школи ќе треба да платат најмалку 1.500 евра само за такси кон МКФ.
Ако на тоа се додадат и оние 850 евра за котизација (пријавување на учество) на секоја екипа поединечно, или околу 3.400 евра за четири пријавеби екипи, тогаш севкупно, тоа е повеќе од сериозна сума (речиси 5.000 евра), за најголем дел од расадниците на таленти, уште повеќе што голем дел од нив пријавуваат и повеќе од една екипа во секоја од возрасните категории.
Прволигашите, пак, се повеќекратно на удар, бидејќи ќе треба дополнително да платат повеќе од 2.000 евра само за таксите за сениорскиот состав, а ако сакаат странци тогаш „дебело“ ќе треба да брцнат во џебот. За првиот до четвртиот интернационалец ќе треба да се плати по 850 евра за секого, за петтиот 1.500 евра, а за шестиот и секој нареден по 3.000 евра. Според напишаното во предложениот РП, тие пари ќе бидат наменети за плаќање котизација за играње на младинските селекции во Европа.
Проблемот е што МКФ за оваа намена добива пари од ФИБА-Европа и тоа, неофицијално, по 7.000 евра за секоја пријавена репрезентација, поради што повторно се наметнува прашањето дали овие пари ќе бидат искористени како што е напишани или, пак, за пополнување на вообичаено празниот буџет на Куќата на кошарката како и за плати за претседелот Петар Наумоски и за останатите во федерацијата.
Сето ова покажува дека предводниците на македонската кошарка со новопредложениот правлник за регистрација само воведува дополнителни давачки за ионака се попразните каси на клубовите кај нас, што сигурно ќе придонесе некои од нов целосно да згаснат, па да се изгубат кошаркарски центри од внатрешноста кои ионака се малку. Ваквиот потег на МКФ предизвикува револт во кошаркарските кругови, од каде што на Наумоски му порачуваат да се угледа на Ракометната федерација, која не само што нема вакви огромни такси за регистрација туку дури донесе и одлука за ослободување од било каква котизација и трошоци за судии и делегати за сите што играат во младинските категории. Ситуацијата е речиси идентична и во Фудбалската федерација.
Последен рок кој клубовите го имаат да се изјаснат е 17 август, по што ќе се пребројат гласовите и ќе се знае дали предложениот правилник е усвоен. Меѓу предложените точки е и таа за задолжително присуство на двајца македонски играчи во секој момент на паркетот, која исто така донесе големи полемики меѓи членките на Собранието.
Ново на Сител
-
Тројца пациенти од Штип се носат на клиниките во Скопје
-
Отворени телефонски линии за донации за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
На кулата Белград им се оддава почит на жртвите во пожарот во дискотека во Кочани
-
Се бара краткотраен притвор за 10 лица, во дискотеката немало доволно ПП апарати и нема писмен договор меѓу организаторот и групата
-
Уште четворица пациенти транспортирани во Хрватска
-
Таравари: Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани надвор од државата
-
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица
-
ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани