Бизнис
1. January 2021 - 16:32

Намалено ДДВ на храната во угостителските објекти од денеска

Се намалува ДДВ за храна во угостителските објекти, се зголемува за кетеринг услугите. Од денеска граѓаните наместо 18 за храната што  ќе ја купат во објектите ќе плаќаат 10 отсто, но за кетеринг услугите ДДВ од 5 се зголемува на 10 проценти. За алкохолните пијалоци останува 18 отсто. Според угостителите ваквите измени нема да влијаат на крајната цена на производите и услугите во угостителството.

Угостителите велат дека ваквата мерка требало одамна да биде донесена бидејќи ја практикуваат речиси сите развиени економии, затоа што нема директни импликации врз буџетот, а ќе помогне за подобрување на ликвидноста и работењето на угостителите.

Со почетокот на пандемијата угостителите постојано се соочуваат со рестрикции во работењето. Првично нивното работно беше намалено до 21 часот, а сега па се до 21 јануари имаат дозвола да работата до 18 часот. Дел од нив неможејки да ги издржат рестрикциите одлучија целосно да го затворат бизнисот, а оние кои продолжија со работа одвај ги покриваат основните трошоци. Угостителите се надеваат дека од пролет ситуацијата ќе биде подобра.