Намалени откупот и продажбата на земјоделски производи
Откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје од 2015 година се намалени за 5,1 отсто во однос на истиот период од претходната година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување од 23,1 отсто има кај откупот на земјоделски производи од индивидуални производители, а продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е намалена за 30,7 проценти.
Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај градинарските и фуражните растенија, грозјето, алкохолните пијалоци и добитокот, а намалување има кај житата, индустриските растенија, овошјето, живината и јајцата, млекото и млечните производи и рибата.
Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во септември, додека во јули и август е забележано опаѓање.
Ново на Сител
-
Претседателот на хрватскиот Сабор во посета на Македонија
-
Првите пари од унгарскиот кредит префрлени на сметката на Развојната банка
-
ВМРО-ДПМНЕ: ССМ ги преповторува ставовите на СДСМ
-
Градоначалникот на Струмица прашува кој ја блокира реконструкцијата на патот Струмица Дабиле
-
460.000 евра за О.Карбинци од унгарскиот кредит
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство