Намалени цените на мало
Трошоците на животот во октомври годинава се исти како во претходниот месец, а цените на мало се намалиле за 0,3 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците за живот е забележан во подгрупите јајца и свеж и разладен зеленчук освен компир за 1,1 отсто, безалкохолните пијалаци за 0,4, месото и млекото за 0,3 отсто. Пораст има и кај туристичките пакет-аранжмани за 4,9 проценти, обувките за 3,4, гасот за домаќинствата за 2,9, болничките услуги за 2,8, текстилот за домаќинствата за 1,3, течните горива за домаќинствата за 0,8, течните горива и мазива за 0,7, накитот и часовниците за 0,6, мебелот за домаќинствата за 0,5, облеката, малите електрични апарати за домаќинствата и лековите за 0,4, големите електрични апарати за домаќинствата за 0,3 и игри, играчки и хоби за 0,2 процента.
Намалување на трошоците на животот е забележано кај свежото и разладеното овошје за 5,4 отсто, другите пекарски производи за 1,7, сувото овошје и јаткастите производи за 1,1, замрзнатиот зеленчук освен компир за 0,8, маслото и маснотиите за 0,7, оризот за 0,5, другите прехранбени производи за 0,4, рибата и морските плодови за 0,3 отсто. Намалување на трошоците на животот има и кај авионскиот превоз на патници за 17,6 проценти, информатичката опрема за 2,4, медицинските и парамедицинските услуги за 1,9, средствата за чистење и одржување на станот за 1,6, услугите и предметите за лична хигиена за 0,3 проценти.
Трошоците на животот, пак, во споредба со истиот месец лани бележат пораст од 0,2 отсто, а цените на мало пораснале за 0,5 проценти.
Ново на Сител
-
ОЈО: Откриено поголемо количество амфетамин во Скопје, отворена постапка против шест лица
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Полициски службеник од Гостивар фингирајќи кражба одзел предмети претходно запленети при претрес
-
Амандманската комисиска расправа за ребалансот на буџетот почнува в понеделник
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина