Намалена видливоста на патот Маврово - Бунец
Сообраќајот се одвива тековно, по претежно суви коловози, додека на планинските осојничави места патиштата се влажни. Околу Берово наместа има остатоци од снег, а од Маврово до Бунец, поради магла, намалена е видливоста 20 до 30 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија