Намалена видливост поради магла на патните правци Скопје - Петровец
Појава на магла со видливост од 50 м. до 100 м. утрово има на патниот правец Скопје - Петровец и по Повардарието, додека видливост до 50 м. има од Струмица кон г.п. Ново Село.
Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка
-
Инвестирање во капацитети и стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација