-->
-->
Намалена видливост на патиштата кај Стража и Крушево
-->
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Стража и до 30 метри во Крушево. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, Дебар и на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека, но не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопшти Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози.
На одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии