Намален бројот на работници во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во мај 2022 година, во однос на мај лани е намален за 1.7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари – мај, пак, во споредба со првите пет месеци од минатата година бројот на работници е помал за два отсто.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, бележи опаѓање од 2.5 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 1.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.2 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, има опаѓање кај Енергија за 5.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.5 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0 %, Капитални производи за 2.0 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 %
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србите од Косово се спротиставија на теророт од Курти
-
Тема на денот со Боби Бојчевски од Независниот синдикат на здравствени работници
-
Прва МФЛ: Пораз на Вардар, дербито во Струмица без победник
-
Убиен полицаец на северот на Косово, расте тензијата Белград-Приштина
-
Медицинско вештачење треба да покаже кога и како настанала повредата кај 11 месечното бебе
-
Затворени маркети кои не ја почитувале гарантираната цена
-
СДСМ: Го штитиме стандардот на граѓаните
-
Мицкоски најави цунами за власта