Намален бројот на работници во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во мај 2022 година, во однос на мај лани е намален за 1.7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари – мај, пак, во споредба со првите пет месеци од минатата година бројот на работници е помал за два отсто.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, бележи опаѓање од 2.5 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 1.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.2 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, има опаѓање кај Енергија за 5.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.5 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0 %, Капитални производи за 2.0 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 %
Ново на Сител
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата
-
Муцунски во Шведска
-
Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“