Намален бројот на работници во индустријата
– Бројот на работниците во индустријата во декември 2019 година е за 2,4 отсто помал во споредба со истиот месец од 2018 година, а на годишно ниво е помал за 1,6 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи пад од 1,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пад од 2,6 отсто, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пoраст од 0,4 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците бележи пораст кај Капитални производи за 2,6 отсто, а опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,4 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,2 процента, додека кај Енергија бројот на работници останал на истото ниво
Ново на Сител
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток
-
Почнуваат велигденските празнувања