Намален бројот на првачиња во Крива Паланка
Во кривопаланечките основни училишта годинава во прво одделение се запишани 28 ученици помалку во однос на минатата учебна година. Од четврти септември вкупно 184 првачиња ќе посетуваат настава во учебната 2017 / 2018 година.
Во основно општинско училиште „Илинден“ бројот на првачиња е драстично намален во однос на претходната учебна година, кога наставниот процес го следеле 101 првооделенец, додека во 2017/2018 година се запишани само осумдесет.
- Во централниот објект на ООУ „Илинден“ настава ќе посетуваат 50 првачиња, додека останатите 30 ќе учат во подрачните училишта во село Конопница и село Мождивњак. Бројот на новозапишани првачиња е помал бидејќи генерациски е помал бројот на дечиња родени 2011 година кои гравитираат во реонот на објектите на ова училиште, изјави директорот Оливер Дејановски.
Во основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ запишани се 104 ученика. Од вкупно запишаните, 94 ќе посетуваат настава во матичното училиште, а другите десет во подрачните училишта.
Бројот на запишани првачиња во Јоаким Крчовски е зголемен за три споредено со лани.
Настава во прво одделение од септември 2017 година ќе посетуваат дечиња родени 2011 година или поточно сите деца кои ќе наполнат пет години и осум месеци заклучно со 31 декември годинава. Во минатата учебна, 2016/2017 година во двете основни училишта во Крива Паланка имало 202 првачиња.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава