Балкан
1. March 2018 - 13:19

Налудничав напад го згрози регионот: Поради одмазда им ја запалил куќата на младите соседи и самиот се обидел да се запали со бензин

Страшен пожар утрово ја проголта семејната куќа во Јагњедовац кај Копривница, а еден маж е уапсен под сомнение дека ја полеал куќата со бензин и ја запалил.

Во налудничавиот одмазднички поход, без покрив над главата остана младата брачна двојка Јокиќ, која куќата ја купила пред 4 години.

Како што неофицијално се дознава, мажот кој ја полеал куќата со бензин и ја запалил, живеел таму со мајката на младиот Јокиќ, но се скарале и кога западнал во големи коцкарски долгови и тој се отселил од таму пред околу месец деца. Меѓутоа не можел да се помири со тоа дека не живее повеќе таму, па утрото дошол со канистер полн со бензин и со секира, решен да ја запали куќата, себеси и младиот сопственик, син на својата поранешна љубовница. Таа не била тука, зошто живее и работи во Австрија, и доаѓа само повремено.

Ружа Турек спречи крвопролевање

Херој на денот е соседката Ружа Турек, која успеала на пироманот да му ја земе секирата и да ја фрли на својата веранда.

-Немој синко, поради децата, тие не ти се ништо виновни, му рекла и така успеала да го смири.

Ова се секирата која соседката му ја одзеде на напаѓачот

Соседите раскажуваат дека напаѓачот најпрво со секира ја разбил влезната врата, а потоа со бензин ја полеал внатрешноста на куќата, себеси и сопственикот кој таму живее со сопругата. За среќа, младата двојка успеала да побегне од куќата пред пироманот да ја чкрапне запалката.

Куќата во тој момент пламнала. Пожарникарите стигнале брзо, но предоцна, куќата веќе горела. Штетата е огромна.

Извор/Podravski list