-->
-->
Налози за апсење на 177 полицајци во Турција
-->
Обвинителството во Анкара издаде налози за апсење на 177 полициски службеници во рамки на истрагата против организацијата на Фетулах Ѓулен која турските власти ја сметаат за терористичка, јави Си-Ен-Ен Турк.
Полициски екипи за борба со организиран криминал спроведуваат истовремени акции во 25 окрузи во земјата, меѓу коишто и Анкара, Истанбул, Измир, Газијантеп и Конија. Операцијата се уште трае.
Турската Влада ги обвинува приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен (кој моментно живее во САД), за обидот за преврат во јули минатата година.
Досега, над 40.000 турски државјани се уапсени, а 90.000 се отпуштени од работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
-
Курти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал