Наќе Георгиев си поднесе оставка од Судски совет
Наќе Георгиев кој неодамна беше избран за член на Судскиот совет пред малку си поднесе оставка. Овој негов потег ја одложи свечената заклетва на новоизбраните членови на Судскиот совет. На денешната седница за прв пат требаше во салата да седнат Наќе Георгиев и Антоанета Димовска, а нивната прва задача да биде избор на судии од последната група академци-судии.
Неофицијално, одложувањето е бидејќи на седницата за судија треба да биде избран синот на новиот член Георгиев, процес кој е забранет според законот за судови кој предвидел дека за судија не може да биде избран кандидат кој е роднина на член на Судскиот совет.
Според информации на Сител, за синот да може да стане судија, штотуку избраниот член Георгиев си поднесе оставка.
Повеќе детали очекувајте во Вестите во 16:00 часот.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ