Најстудено во Маврови Анови и Берово, најмногу снег на Попова Шапка и во Крушево
Најниска температура од -9 степени утрово во 7 часот е измерена во Маврови Анови и во Берово. Следат Скопје кај Петровец со -7, -6 Штип, Битола, Крива Паланка, Струмица, Демир Капија, -5 Попова Шапка, Куманово, Прилеп, Претор, -4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Гевгелија, -3 Kрушево, Дебар, -2 Виница, 0 Дојран.
На Попова Шапка се измерени 54 сантиметри снег, 50 во Крушево, 43 во Маврови Анови и 14 во Пожаране.
Според прогнозата на УХМР, времето денеска претежно сончево со мала до умерена тенка облачност поизразена на северот од земјата. Ќе дува слаб северозападен ветер вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
Ново на Сител
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Уапсени двајца 18-годишници во Скопје за палење огномет во денови на жалост
-
Семејствата добиваат поддршка
-
19 годишниот Јован од Виница успеал да спаси многу млади животи од катастрофата во дискотеката во Кочани
-
Коцевски: Сите закони и прописи постоеле на хартија, но речиси ниту еден не се применувал
-
Затворени уште два локали во Тетово, контролите продолжуваат