Најстудено во Берово, во Скопје минус шест
Во Берово се измерени минус 9 степени Целзиусови, најниска температура во седум часот изутрина во Македонија, по што следат Крива Паланка со минус 8, минус 7 во Куманово, минус 6 во Скопје Петровец, Тетово, Лазарополе, минус пет Скопје Зајчев Рид, Крушево, Маврово, Демир Капија, Претор, Пожаране, Битола, Прилеп, Дебар, Струмица и Штип, минус 4 Тополчани, Ѓуриште, Охрид, Гевгелија, Виница, минус 2 во Дојран.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР, Времето денеска претпладне ќе биде сончево, а попладне од запад облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен јужен ветер, а попладне и до крајот на денот и во Скопската котлина ќе се прошири облачност од запад. Температурата до 7 степени.
Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои претпладне ќе ги има во западните, а до крајот на денот и во останатите делови од земјава. На крајниот запад врнежите ќе бидат обилни. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, што ќе услови релативно високи дневни температури.
Под влијание на влажна и релативно топла воздушна маса подрачјето на Македонија ќе се задржи од утре до сабота. Утре врнежите ќе бидат поинтензивни во западните делови, а од петок обилни врнежи се очекуваат речиси насекаде. Снег ќе има само на планините повисоки од 2000 метри надморска височина. Во сабота можно е врнежите да бидат проследени и со грмежи. Од целиот влажен бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни делови локално и над 100 митри на метар квадратен дожд. Во недела се уште ќе има врнежи од дожд, но тие ќе бидат полокализирани, соопшти УХМР.
Ново на Сител
-
Приведен 21-годишен кумановец, возел со 1,52 промили алкохол во крвта
-
Хуманитарна изложба на кучиња во Белград, парите одат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Премиерот Мицкоски упати честитка по повод празникот Рамазан Бајрам
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-
Во земјотресот во Мјанмар, кој беше почувствуван во Тајланд, во Бангкок загинаа 18 лица
-
Вулин: Блокадите во Србија ќе завршат во следните месец дена
-
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд