Најстудено во Берово, најтопло во Дојран
Најстудено утрово е во Берово -6 степени, -4 степени се измерени во Скопје-Петровец, Битола и Демир Капија, -3 во Струмица, -2 во Претор, Прилеп, Штип, Кавадарци и Велес, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид и Дебар, 0 во Крива Паланка и Куманово, 1 во Гевгелија и Виница, 2 во Крушево и Попова Шапка, 3 во Маврови Анови и 7 степени во Дојран.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека снежната покривка во Маврово е 9, а на Попова Шапка еден сантиметар.
Утрово времето е променливо облачно. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Во текот на денот ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 14 степени.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!