Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово е најстудено во Берово, -10 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 31 сантиметар, информира УХМР.
До 8:30 часот се измерени и -7 степени во Крива Паланка, Маврови Анови и на Попова Шапка, -6 во Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Куманово, Велес и Крушево, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Демир Капија и Струмица, -4 во Претор, Кавадарци и Виница, како и -3 степени во Охрид и Гевгелија.
Во Маврови Анови висината а снежната покривка е 13 сантиметри.
Според УХМР, утрово е студено, а преку ден ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, повеќе во источните делови. Во југозападните претежно планински региони од пладневните часови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде од 3 до 9 степени. Во Скопје наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди, слаб југоисточен ветер и максималната температура до 9 степени.
Ново на Сител
-
И да се зголеми минималната плата во Македонија, пак ќе биде најниска во регионот
-
Нелојална конкуренција се жалат медарите
-
Преглед на вестите од светот
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона