Живот
23. August 2015 - 12:47

Најстариот маж во светот има 112 години

Јасутаро Коиде кој живее во Нагоја е формално признат од Гинис за најстар маж во светот.
 
Коиде има 112 години и роден е на 13 март 1903 година. Работел како кројач.
 
Тој сега е најстар маж во светот откако почина Сакари Момоијо од Токио на 112-годишна возраст.
 
Коиде вели дека умереноста во се е тајната на неговата долговечност. Омилена храна му е леб. Тој и денес може да чита весници без очила.