Свет
12. February 2020 - 14:45

Најстариот човек на светот има 112 години и 344 дена- еве во што тајната на неговата долговечност

Новиот Гинисов рекорд за највозрасен човек на светот од денеска му припаѓа на Јапонецот Читетсу Ватанабе од Нигата, кој има 112 години и 344 дена.
 
Јапонецот, инаку роден 1907 година, сака слатки и верува дека насмевката е лековита.
 
Претходниот рекордер беше, исто така- Јапонец, Масазо Нонакас, кој почина минатиот месец. Највозрасна жена е Јапонката Кане Танака, која има 117 години.
 
Прашан – во што е тајната на неговата долговечност, Ватанабе препорачува луѓето никогаш да не се лутат и секогаш да се насмеани.
 
Ватанабе завршил земјоделско училиште и потоа се преселил на Тајван, каде работел на плантажи за шеќер. Таму живеел 18 години. Се оженил со сопругата Мицу и имале пет деца. По Втората светска војна, Ватанабе се вратил во Нигата.
 
До пред десет години се занимавал со бонсаи, па и учествувал на изложби на минијатурни дрвја.