Живот
6. December 2016 - 12:49

Најстарата жена во светот тврди: Тајната за мојата долговечност се...

Ема Морано, најстарата личност на светот, која на 27 октомври наполни 117 години, тврди рече дека јајцата се тајната за нејзината долговечност. 

- Јадам по две јајца на ден и тоа е тоа. И колачи. Но, не јадам многу, затоа што немам заби, изјави Морано, која се уште има бистар ум, само што слухот повеќе не ја служи.

Јајца јаде откако и е дијагносицирана анемија, а тоа било кога имала 20 години. Лекарот и препишал да јаде по три јајца дневно: две пржени и едно варено.

На таквата храна таа се придржувала 90 години и верува дека досега има изедено околу 100.000 јајца.

Карло Бава, кој во последние 27 години е нејзини лекар, изјави дека Морено никогаш не јадела многу овошје и зеленчук.

- Кога јас ја запознав, таа јадеше три јајца на ден: две пржени на утро, омлет попладне и пилешко за вечера, рече Бава.

Тој додаде дека сега воглавно јаде бисквити.