Џет-Сет
5. January 2016 - 12:37

Најшокантни моменти од 2015 година

 

2015 година Холивуд ќе ја памети по овие скандали. Ким и Кање синот го нарекоа Светец.

Во последниот месец од годината познатата двојка доби второ дете, син на кој му дадоа многу необично име, а корисниците на социјалните мрежи со потсмев ја коментираа оваа одлука.

 

Разводи

Бен Афлек и Џенифер Гарнер, Гавин Росдејл и Гвен Стефани, Меган Фокс и Брајан Остин Грин... Списокот на познати двојки кои се разделија во изминатата година е многу долг.

 

Џереми Кларксон доби отказ

Кларксон од оваа година повеќе не е водител на популарната серија „Top Gir“. Скандалозно е отпуштен затоа што го удри продуцентот.

 

Зејн Малик го напушти One Direction

Бројните фанови на бој бендот останаа во шок кога младиот пејач објави дека го напушта One Direction и дека продолжува со соло кариерата.

 

Чарли Шин откри дека е ХИВ позитивен

Тоа што со недели се шпекулираше конечно беше потврдено кога Чарли Шин пред камерите призна дека веќе четири години живее со ХИВ и дека плаќал луѓе за да не ја откријат неговата тајна.

 

Викајте ме Кејт

Брус Џенер храбро за јавноста ја сподели својата приказна за промена на полот и за списанието „Vanity Fair“ првпат се претстави како Кејтлин.

 

Мадона падна на доделуваето на БРИТ наградите

Практично дека нема ѕвезда на која не и се случил некој проблем на сцената, но падот на Мадона на доделувањето на Брит наградите од некои причини остави многу голем впечаток на гледачите и го прогласија за најшокантен.