Македонија
27. September 2016 - 13:58

Најпознатиот бугарски „ловец“ на мигранти тргнува по Миленко!

„Бугарија денес“ објави дека Динко Велев, самопрогласениот „најпознатиот ловец на мигранти“, тргнува во лов на Миленко Неделковски.

„Ќе му ја скршам колата со чекан како што тој скрши плочата. Тргнувам во лов на Миленко! Планирам да го најдам неговиот дом и да му ја скршам колата со чекан. Ќе снимам цело видео со телефон и ќе го добие тоа на интернет. И тогаш ќе го прашам – пријатно ли му е на него!”, вели Велев.
 
Миленко денеска одговори на Facebook.

 

 

Реакцијата на извесниот Динко следи откако Миленко со чекан ја искрши плочат која неколкумина Бугари нелегално ја поставија на Кајмакчалан.